Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Обвинетиот Марковски ја напушти државата со амин од правосудството

/

Македонија

Сподели преку :

Само неколку дена откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Лицето за кое претходно постоеја мерки за обезбедување на неговото присуство во кривичната постапка, преку ноќ престана да претставува опасност од бегство. Денес, наместо пред судските органи, Марковски е недостапен за државата која самата му ја овозможи можноста да замине, се вели во партиското соопштение на Левица.

  • Најголемиот апсурд е што Марковски не избега спротивно на институционалните мерки, туку откако тие беа ублажени. Пасошот не му беше вратен затоа што престанала опасноста од бегство, туку поради прифатена имотна гаранција. Судот сè уште не објасни врз основа на кои конкретни законски одредби оценил дека имотната гаранција е доволна причина да се укине мерката за одземање на патната исправа. По секоја правна логика, ако постои ризик обвинет да стане недостапен, мерките треба да се зајакнуваат, а не да се ублажуваат, велат од партијата.

Соиред Левица особено загрижува што позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола, со кое раководи Пецо Везироски. Станува збор за истиот виш јавен обвинител против кого пратеничката Јована Мојсоска веќе поднесе претставка до Советот на јавните обвинители поради неговото НЕпостапување во предметот со дивоградбата во Струга, кога наместо да го санкционира незаконитото постапување на ОЈО Струга, застана во негова одбрана. Денес, повторно неговото обвинителство дава позитивно мислење во корист на обвинет кој само неколку дена подоцна ја напушта државата. Таквата низа на постапувања отвора сериозно прашање дали Вишото јавно обвинителство ја исполнува својата законска функција или повторно обезбедува институционално покритие за привилегираните.

Дополнително загрижува и образложението на претседателот на Основниот суд во Струга, Вулнет Винца, дека имотната гаранција и мерката за одземање на пасошот не можеле истовремено да опстојат. Ако тоа е навистина правниот став на Судот, тогаш се поставува прашањето зошто лице за кое претходно постоела опасност од бегство одеднаш повеќе не претставува таков ризик само затоа што е положена гаранција. Имотот може да биде предмет на извршување, но не може да биде замена за физичко присуство на обвинетиот во кривичната постапка, пишува во соопштението од Левица.

Jumbo 2