Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две девојки со „суп“ даски залутале во водите на Охридското езерo – полицијата ги спасила

/

Македонија

Сподели преку :

Вчера  во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување бараат помош.

  • Полициски службеници од езерската полиција, се упатиле на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Полициските службеници  безбедно ги префрлиле на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот, соопшти СВР Охрид.

Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција. Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „Суп“ даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки.

Jumbo 2