По најавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека сите средношколци од прва година во скопските средни училишта ќе добијат бесплатни униформи, повторно се отвора прашањето дали униформата може да биде решение за намалување на социјалните разлики меѓу учениците.
Поддржувачите на идејата сметаат дека униформата создава еднаквост, дисциплина и чувство на припадност кон училиштето, додека критичарите велат дека облеката е дел од личниот израз на младите и дека разликите меѓу учениците не треба да се решаваат само преку изгледот.
Училишна униформа – чекор кон еднаквост или ограничување на слободата на учениците?
АНКЕТА: Дали униформата ќе ги намали социјалните разлики меѓу учениците? Да/Не












