Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска сончево и топло време со температури до 38 степени

/

Македонија

Сподели преку :

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според УХМР, под влијание на топол бран во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата дневната температура локално ќе достигне и до 40 степени.

Jumbo 2