Вести Македонија

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Вкупно 10 лица се повредени, меѓу кои две деца, во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Охрид, во близина на селото Другово. Несреќата се случила вчера попладне, сите лица се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево каде се констатирани повредите.

„На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с. Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М. (76) од Прилеп, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П. (41) од Скопје и патничко возило „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (48) од с. Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „Цитроен“, С.Р. (79) од с. Грешница, кичевско, додека со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници Г.Р. (45) од с. Грешница, Ц.М. (76) од Прилеп, М.П. (34) и нејзините две малолетни деца, сите од Скопје, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево“, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи (МВР).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе