Вести Македонија Топ вести

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Општина Крушево информира дека водата од градскиот водовод е здравствено исправна и безбедна за употреба. Според трите последователни лабораториски анализи направени од Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет.

Привременото нарушување на квалитетот било предизвикано од прекин во системот за хлорирање поради проблеми со електричното напојување.

По отстранувањето на дефектот, биле преземени мерки за нормализирање на процесот и спроведени дополнителни контроли.

Граѓаните на Крушево можат слободно да ја користат водата од јавниот водовод за пиење, подготовка на храна и останати домашни потреби.

Општината и јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг за да се обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот во Франција сѐ уште под закана од повторно разгорување

Kristina Kuzmanovski

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе