Вести Македонија

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа да не ја користат водата од јавните чешми за пиење, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии.

Во Ореовец, водата од јавната чешма во центарот на селото содржи бактерии, па може да се користи само по вриење од најмалку 10 минути.

Во Леништа, пак, поради присуство на цревни бактерии и зголемен број бактериски колонии, надлежните препорачуваат водата воопшто да не се користи за пиење.

Од Општина Прилеп информираат дека ќе бидат преземени мерки за обезбедување соодветна дезинфекција на водоснабдителните системи, со цел водата повторно да биде безбедна за употреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе