Македонските власти чекаат одговор и објаснување од Бугарија зошто не испратиле висок претставник на Преспа форумот. Ваквиот потег за дел од стручната јавност е порака од Софија дека тие не се многу заинтересирани за дијалог а ова е и обид да избегнат дирекна критика од меѓународните претставници.
Бугарија е свесна дека доколку испратеше висок претставник на Преспа форумот ќе беа под голем притисок на меѓународната јавност.Но пораката е лоша велат познавачите на состојбите..Во услови кога на форумот дојдоа највисоки претставници на САД задолжени за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер, помошник државниот секретар на Стејт департменот. Заменик секретарот Метју Палмер, претседатели и претставници на земјите од регионот , Бугарија одби да се вклучи во дијалогот.Македонските власти чекаат достоинствено објаснување кои биле причините за недоаѓањето на форумот.
Но дијалогот со Бугарија мора да продолжи и да се интензивира за време на словенечкото претседателство со ЕУ.Надежите се вперени кон меѓународниот фактор од кој се очекува поддршка за решавање на спорот меѓу двете земји.
Сите изјави дадени на Преспа форумот имаат заеднички именител, а тоа е дека местото на Западен Балкан е во ЕУ. На завршната прес конференција американскиот дипломат Филип Рикер порача дека преговорите на Македонија и Албанија со Унијата треба да почнат веднаш. Следната недела во Софија ќе отпатува словенечкиот претседател Борут Пахор во обид да одболираат евроинтегративните процеси.
Јулијана Пешевска
