19- годшниот Тони Сали почина, но неговото име сеуште се влече низ судските и институционалните лавиринти. Вторстепенат комсиија ја прифатила жалбата откак обеше одбиен да биде впишан во управат за водење матични книги. Адвокатата на Сали обвинува дека законие псотојкат, но не се почитуваат, а директората на второстепната комсиија обајснува дека морано прво судот да одлучи кој му е татко па потоа да биде впишан во матичната книга на родени. Судот ги претрека и се прогласи за ненадлежн. Тони Сали е починат, но неовиот предмет е сеуште на почеток и за него не може да се добие извод од матична книга на умрени бидејќи никогаш не бил впишан.
Починат, но не и одјавен бидејќи Тони Сали и по 19 години живот во Репубулика МАкедонија не успеа да се впише во матичната книга на родени. Државната комисија за одлучување во управна постапка ја уважила неговата жалба на 7 јуни со препорака граѓанскиот суд да утбрди во постака којму е татко, а потоа управата да го впише во матичната книга на родени. Судот ја превари вторстепената комисија, се прогласи за ненадлежен и сега случајот на Тони Сали одново е на почеток револтирана и разочарана регира неговата адвоката по чија жалба се огласи и повисоката комсиија за одлучување по жалби во управна постапка.
„Искрено, подобро ќе беше Комисијата и понатаму да си молчи и да и овозможи на мајката на лицето што побрзо да ги помине инстанците пред домашните судови и конечно да ја бара правдата пред Судот во Стразбур. Или барем мериторно да одлучи, со оглед да беа доставени бројни материјални докази, вклучително и своерачно потпишана изјава за признавање на татковство од страна на биолошкиот вонбрачен татко на лицето Тони Сали“ – Тамара Славеска- Апостоловски Адвокат на Тони Сали.
Второстепената Комисија не го чувала предметот во фиока ниту пак седела со скрстени раце, одговорно тврди претседателката на второстепената комисија Даница Чадиева. Во предметот за Сали недостигал неговиот татко, и комсијата не ги поседувала сите потребни факти за да наложи тој да биде впишан во матичната книга на родени, вели Чадиева.
Адвокат Апстоловски е категорична и според неа и граѓанскиот суд, и управните органи, потполно потфрлиле во случајот Салиу односно Гграѓанскиот суд што не ја препознал потребата за донесување на правосилна пресуда која ќе биде основ за упис на лицето во матичната евиденција, а управните органи што чекаа повеќе од 3 години за да го упатат веќе починатото лице на парница, нешто што можеле да го сторат многу порано, доколку сметале дека им е неопходно. Живтот на Тони Сали згасна на 26 мај, а неговото име уште долго ќе се провлекува во институционланите и судски лавиринити.
Павле Беловски
