Свирежи, нетрпеливост и намуртени лица не дочекаа утрово на граничниот премин Богородица, откако почна штрајкот на грчките царинински служби. Ова предизвика колапс на граничните премини, особено на оној кај Гевгелија, кој е и најфреквентен.
– Непрегледни колони возила се создадоа на граничниот премин Богородица-Евзони за излез од државата. Повремено се пуштаат одреден број возила, но, тоа е недоволно за да се расчисти гужвата.
Меѓу патниците не наидовме на неинформирани, сите знаеја дека во тек е штрајк. Но, најголемиот дел од возилата се туристи од Србија, па морале да тргнат на закажаните летувања.
Новинар: Колку време чекате?
-Дваесет минути досега. Ќе видиме до граница.
Новинар: Знаевте ли дека има штрајк?
– Знаевме, да. Известени сме, но, џабе е. Така е како што е во моментов.
Новинар: Колку време чекате на граница?
– Десет минути, сега стигнавме.
Новинар: Пуштаат или затворено е цело време?
– Не знам, за овие десет минути ништо не се променило.
Новинар: Затоа што има штрајк, не знам дали сте информирани.
– Да, знам.
Новинар: Знаевте ли дека има штрајк? Како се патува со оглед на гужвите?
– Страшно. Страшно, ако ова потрае вака ќе биде страшно, но добро, што е тука е.
Транспортери имаше помалку. Тие што ги затекнавме на границата главно беа од соседните земји, кои морале да го продолжат патувањето и покрај највениот штрајк. Но, на границата се соочуваат и со други проблеми во сеопштата мешаница.
– Камионџија: Сега дојдов, но, многу се чека. Гледате оваа лента за камиони е зафатена. За нас е многу. Треба нашата лента да е пуштена, но. Секој има свое време за да се регистрира, не е едноставно. А сега гужвите се одеднаш и ќе биде чекање.
Знаевте ли дека ќе има штрајк?
– Слушнав за тоа, од 5 до 10 часот ќе има на грчката страна не овде, па не знам, не знам каков е. Претходно беше на земјоделците со трактори, сега не знам кој птрајкува и зошто.
Надлежните институции и туристичките агенции порачуваат граѓаните пред тргнување да се информираат за состојбата на граничните премини, да предвидат дополнително време за патување и да сметаат на можни задржувања поради зголемената фреквенција на возила.
Иако по завршувањето на штрајкот се очекува сообраќајот на граничните премини постепено да се врати во нормала, засилениот интензитет на сообраќајот може да предизвика повремени колони и подолги чекања во текот на денот.
Сузана Мицева
