Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

/

Македонија

Сподели преку :

Струмичанец е притворен откако за неколку часа часа опожарил трактор, а потоа и возило на негови сограѓани.
Походот го започнал ноќта околу  22:00 часот на 25.07.2026 кога подметнал пожар на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица. По неколку часа, на 26.07.2026 околу 01:00 часот подметанл пожар и на патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица.
По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите се изгаснати, а повредени лица нема.
За подметнување на пожарите осомничен е 41 годишниот В.К.од Струмица кој ќе одговора за кривични дела „предизвикување општа опасност“  и „тешки дела против општата сигурност“. Тој   бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Jumbo 2