Вести Македонија Најважни

Тошковски: Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка, но сè уште не e за пиење и за подготвување на храна

Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка вода, соопшти министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски.

„Имаме добра вест која што сакаме да ја соопштиме особено за гостиварци. По повеќекратни испитувања на квалитетот на водата во последните неколку дена, анализите покажуваат дека водата во Општина Гостивар, конечно, може да се користи како техничка вода. Истата ќе може да се користи за бањање и сите останати работи во домаќинството, но не и за пиење, ниту за подготвување на храна“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење на гостиварци.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе