Денеска се очекува Гостивар да добие техничка вода за користење, откако имаше една недела ограничувања и интензивни активности за санација на водоводниот систем. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба.
Говорејќи за состојбата во Гостивар, Мицкоски вчера кажа дека санацијата на системот напредува и оти резултатите од контролите упатуваат на нормализирање на состојбата.
Гостиварчани пак бараат одговори, однонсо институциите да утврдат како дошло до оваа состојба и вистинските виновници да понесат одговорност.
