Регулаторната комисија за енергетика утре ќе расправа за поскапување на парното греење од 7,7 отсто.
Предлогот подготвен за седницата е цената на греењето да се зголеми од 2,6 на 2,8 денари по киловат-час.
Овој предлог е направен врз основа на дел од прифатените барања на компаниите што испорачуваат топлинска енергија.
Новата цена треба да биде донесена до крајот на месецот и да важи од 1 август.
Последен пат парното поскапе за 5 отсто, со образложение дека се потребни инвестиции во мрежата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
