Променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20°C, а максимумот од 29 до 36°C.
Информација од ова утро 26.7.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
21 Гевгелија, 20 Кавадарци, 18 Скопје, Демир Капија, Виница, Струмица, Пожаране, Крушево, 17 Mаврови Анови, Велес, 16 Тетово, Штип, Претор, 15 Куманово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 12 Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
