До 18 часот низ државата се регистрирани 12 пожари на отворен простор.
Според Центарот за управување со кризи, активни се три пожари – кај Пробиштип, Куманово и Петровец, каде гори сува трева, грмушки и ниска шума.
Под контрола е ставен пожарот над депонијата кај Росоман, додека осум пожари во повеќе општини низ државата се целосно изгаснати.
Надлежните апелираат на внимателност и почитување на мерките за заштита од пожари.













