Мастерсот во Канада остана без две од најголемите тениски ѕвезди, откако Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ го откажаа настапот. Италијанецот објасни дека во овој момент сака да му даде приоритет на своето здравје, додека Србинот не ја соопшти причината за повлекувањето.
Организаторите на турнирот синоќа објавија дека Синер и Ѓоковиќ годинава нема да настапат во Монтреал.
Италијанецот, кој ја одбрани титулата на Вимблдон, изјави дека одлуката била тешка, бидејќи станува збор за еден од најважните турнири во календарот. Сепак, првиот светски рекет нагласи дека во овој момент најголем приоритет е неговото здравје.
Ѓоковиќ не ја образложи одлуката за повлекување, па засега не е познато дали станува збор за здравствен проблем или за внимателно планирање на распоредот пред последниот грен слем во сезоната, Ју-Ес опен.
Машкиот турнир во Канада годинава ќе се одржи во Монтреал, додека тенисерките ќе играат во Торонто.
По повлекувањето на Синер и Ѓоковиќ, списокот на учесници ќе го предводат Александер Зверев и домашниот фаворит Феликс Оже-Алиасим. На турнирот се пријавени и Алекс де Минор, Данил Медведев, бранителот на титулата Бен Шелтон, Флавио Коболи и Тејлор Фриц.
Турнирот ќе се игра од 2 до 13 август.
