Националниот парк „Пелистер“ објави дека денеска снег паднал на Пелистер. Снегот е резултат на најавеното заладување што ја зафати Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека Битола попладнево е погодена од силно невреме. Според нивните официјални податоци, во овој регион се бележи интензивен и пороен дожд. Службите ја следат состојбата на терен.
А од Националниот парк „Пелистер“ пак пишуваат дека Пелистер е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери.

–Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме. Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина, пишуваат од националниот парк на Фејсбук.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
