Вести Македонија Топ вести

Пахор оди во Софија да помогне во деблокирање на проширувањето на ЕУ

На регионот му е потребно ресетирање, но за тоа се потребни сите. Без заедничка соработка меѓу ЕУ, САД и регионот тоа е неможно, порача претседателот Стево Пендаровски на вториот ден од Преспа Форумот кој се одржува во Охрид. За Пендаровски, она по што се разликува Западен Балкан од почетокот на 90-те е војната, и тоа е лошата вест. А за да се воспостави нова синергија, освен политичка волја, треба да се гледаат и интересите на сите чинители – ЕУ, САД и балканската шесторка.

Говорејќи за главните прашања коишто се случуваат во моментот, нагласи дека Европската Унија не е способна сама да предводи, а САД не би сакале да предводат сами, додека регионалните елити, не се заинтересирани да направат темелна промена во општествата. Заробени во транзицискиот тунел, луѓето од регионот не ја наоѓаат среќата на која се надеваат.

Во наредните 3,5,7,8 години би сакале да ги забавиме негативните процеси коишто предизвикуваат празнење на регионот, затоа што најпаметните, најмладата, најдинамичната сила го напушта регионот и во суштина ние нема да имаме никого кому ќе можеме да се ослониме во вистинскиот живот за да видиме вистински напредок на нашите економии. Затоа помогнете ни, помогнете им на луѓето коишто живеат во овој регион.

 

За словенечкиот претседател Борут Пахор, проширувањето на унијата со Западен Балкан е од геополитички интерес, а забавувањето на тој процес само може да ги загрози интересите на ЕУ, но и да го зајакне национализмот во регионот. Како земја која претседава со ЕУ, Пахор најави дека Словенија ќе стори се што може да го деблокира процесот на проширување со Македонија и Албанија.

Преку проширувањето ќе се отстранат опасните и наивни идеи за промени на граници во регионот, порача Пахор. Но, доколку процесот застане, нема да биде завршен европскиот проект за целосно обединета Европа.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе