Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе резолуција во собранието за државен консензус за заштита на црвените идентитетски линии

/

Македонија

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе резолуција во собранието со која ќе се дефинираат клучните црвени линии во спорот со Бугарија, за јазикот, историјата и идентитетот, брифираат од најголемата опозициска партија.

Целта на резолуцијата е да се побара општествен консезус и да се утврдат позициите кои ќе се бранат во преговорите со Бугарија, од кој оваа и секоја идна влада не треба да се повлече, бидејќи истото би предизвикало нарушување на државните интереси.

Дефинициите кои ќе се употребат во резолуцијата се истите оние кои се употребени од МАНУ и од УКИМ, како најреномирани научни институции, што ја посочува и намерата да се вклучат сите напредни елементи кои треба да предводат во заштитата на државните интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека бугарските ставови се прецизно дефинирани во бугарската декларација и во она што сихронизирано го говорат бугарскиот претседател и владата, проблемот е што македонските позиции се нејасни и свесно се допушта тие да бидат флексибилни и на штета на идентитетските обележја.

Одговорна држава би постигнала општествен и национален консезус за вака важни прашања. Денес за деталите и текстот на резулуцијата посебна прес конференција се очекува да има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ваквиот предлог доаѓа по изјавата на државниот секретар на Португалија дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, како од засилената негаторка реторика од источниот сосед.

Jumbo 2