Вести Култура

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Новиот министер за култура и туризам Седат Сулејмани , излезот од спорот меѓу ресорното министерство и Синдикатот за култура околу Колективниот договор за култура го гледа во Законот за култура. На новинарско прашање, дали ќе оствари средба со СКРМ за надминување на проблемот, Сулејмани денеска од Тетово порача дека му е трет ден на функцијата, но почнал да ја анализира состојбата со Колективниот договор, не сака веднаш да открива детали, но потенцира дека се работи на надминување на проблемот за кратко време, преку Законот за култура.

  • Се надевам дека за кратко време овој проблем ќе се среди. Истовремено ние работиме на Законот за култура. И во тој дел ќе имаме простор да го средиме овој проблем што е со Синдикатот, кажа Седат Сулејмани, министер за култура и туризам.

Решавањето на проблемот преку Законот за култура значи методологијата за пресметка на платите и пресметките за вработените во националните установи да се регулираат преку Законот за култура, а преку Колективниот договор да се утврди зголемувањето на платите. Тоа е досегашниот предлог од Министерството за култура и туризам кој што за Синдикатот за култура е неприфатлив и спротивен на Уставот и законите. Тие на досегашните состаноци со министерството бараа методологијата и пресметките на платите да бидат преку Колективниот договор, а покачувањата да се регулираат преку Законот за култура.

По една година неможност да се најде заеднички јазик со министерството, Синдикатот испрати жалба до Меѓународната организација на трудот. А, таа отвори предмет и документот го испрати до владата на Македонија , која што треба да и одговори на трите точки од жалбата на СКРМ. За тужбите околу пресметките на платите и имплементацијата на Општиот колективен договор во културата , за решението на Уставниот суд за преиспитување на уставноста и законитоста на целиот Колективен договор за култура и на членот 78-љ од Законот за култура и за непостапувањето на Комисијата за репрезентативност при Министерството за економија и труд веќе 3 години во врска со признавањето на репрезентативност на СКРМ.

МОТ прифати медијација меѓу СКРМ и министерството за култура и туризам, што ќе ја врши неговиот Комитет за слобода на здружување. И од министерството за култура и туризам кажаа дека се подготвени за медијација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе