Македонија Топ вести

Пендаровски: Нормализирање и развој на економијата со заеднички напори, вакцинација и владеење на правото

Со заеднички напори да се вратиме на старите патеки на кои бевме и да ги подобриме перформансите во билатералната економска соработка, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешната деловна средба на македонски и хрватски бизнисмени, што се одржува во Загреб, на вториот ден од неговата официјална посета на Хрватска.

Во македонската бизнис делегација се стопанственици од Сојузот на стопански комори, а средбата е организирана заедно со Хрватската трговска комора. На собирот се разгледуваат потенцијалите за продолжување на соработката од пред пандемијата, со фокус на можностите за нови инвестиции.

Претседателот Пендаровски истакна дека пандемијата нанесе огромни штети на економиите во двете држави и изрази надеж дека погодените сектори како што е туризмот многу бргу ќе се вратат во нормала, со отворање на границите. За тоа, потенцираше тој, особено е важна вакцинацијата против Ковид-19 и добро е што се забележува висок процент на вакцинирани и во двете држави.

Без вакцинација нема сигурен развој на економијата и враќање во она што било претходно. Вашите проценти се нешто повисоки од нашите, но можам да кажам дека и кај нас во Северна Македонија има значително помасовна фаза на имунизацијата и очекувам дека во следните над месец и половина ќе дојдеме над половично мнозинство на вакцинирани, така што вратите пополека се отвораат за враќање на старите патеки, рече Пендаровски.
Како што наведе шефот на државата бројките во трговската соработка во изминатата година се намалени, но намерата на бизнис заедниците од двете страни во неколку клучни сектори е таа да биде и над нивото од пред пандемијата.

– Оптимистичките сценарија за македонската и хрватската економија се дека четвртиот квартал годинава може да донесе поголеми стапки на економски раст и практично да биде предвесник на она што ќе се случува следната година кога би можеле да очекуваме целосно враќање на економскиот потенцијал како што беше пред 2020 година, потенцираше Пендаровски.
Тој потсети дека економските политики во пандемискиот период беа прилагодени на здравствената криза, наведувајќи дека како и во Хрватска, така и во нашата држава беа донесени шест пакети антикризни мерки, од кои само првите четири беа со вредност од над милијарда евра. – Во таа насока ќе продолжиме да ги стимулираме гранките што беа особено погодени, истакна Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Европската комисија нека избере Судски совет и обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе