Македонија

Шар Планина стана национален парк

Пратениците во Собранието со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во земјава и богат и ендемичен растителен и животински свет. Од ресорното министерство посочуваат дека паркот располага со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејсажни, пределни и културни вредности.

Според министерот Насер Нуредини, со донесувањето на законот се отвораат нови можности.

И што е најважно, очекувам дека со со овој чекор отвараме една нова страница и нови можности, не само за заштита на нашето природно наследство, туку и за одржлив социо-економски развој на подрачјето и на државата, за воспоставување на поширока прекугранична соработка, за користење на нови финансиски можности и за развој на локални брендови и разни форми на туризам и зајакнување на продажната моќ. Им честитам на граѓаните за овој историски успех. Ова е голем чекор со кој обезбедивме големи придобивки за сите нас, но и за генерациите што доаѓаат, се вели во писмената изјава на министерот Нуредини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе