Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во третата рунда на Вимблдон откако во три сета го совлада Кевин Андерсон.
Актуелниот бранител на трофејот на „Ол ингланд клубот“ одигра речиси без грешка и го совлада добро познатиoт Јужноафриканец со по 6-3 во сите три сета. Ѓоковиќ е во потрага по својата шеста титула на Вимблдон, а во следното коло ќе игра со победникот помеѓу Андреа Сепи и квалификантот Денис Кудла.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.