Македонија

Потребни се системски решенија за справување со дивите депонии , кои се три пати повеќе од бројката на населени места

Надлежните да реагираат со повисоки казни,  да се вработуваат повеќе инспектори, но потребна е и едукација на населението зашто состојбата со дивото одлагање отпад во Македонија е катастрофална.

Во земјава има три пати повеќе депонии од колку што има населени места, а бројката не е конечна.

Само во североисточниот дел има над 100 депонии во кои доминира градежен шут, беше речено на денешниот Форум за управување со цврст отпад и депонии.

Најголем проблем се големите диви депонии зашто нивното самозапалување предизвикува еколошка катастрофа, која тешко се контролира.

Куманово има 3 комунални редари и 1 инспектор , а 4 диви депонии кои два пати годишно се чистат и зазеленуваат, но несовесните граѓани повторно ги полнат со отпад.

“Според мене главниот проблем е недостатокот на капацитет на општините  во инспекциски надзор . Дополнително, и недоволниот ангажман на МВР, бидејќи тие имаат овластувања да постапуваат по вакви случаи и предмети , но за жал се пасивни” – изјави градоначалникот на Куманов, Максим Димитриевски.

Од коалицијата Алијанса и Алтернатива најавија дека нема да го подржат Законот за увоз на отпад од странство, кој е во собраниска процедура.

“Македонија е веќе една легална депонија, сама по себе. Прво треба да ги решиме регионалните депонии, па и локалните,  каде што врие на територијата на нашата држава. И треба да се изнајде решение, а не да се донесе или увезува отпад” – велат од коалицијата.

Русино ќе биде регионална депонија во следниве 5 години, а за понатаму , на ниво на полошкиот регион се разгледуваат уште две локации, во Јегуновце и Желино, рече градоначалникот Таравари.

Но, тој се сложува Русино да остане регионална депонија , ако биде според европски стандарди.

Владата е во преговори за издавање дозволи на компанијата „ Зока Енерџи Солушн“, за проект за собирање 600 000 тони отпад на годишно ниво, од петте плански региони во земјава.

Со термичко рециклирање на отпадот ќе се добие енергија од обновливи извори.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе