Претседателот Стево Пендаросвки кој е во официјална посета на Хрватска изрази жалење што државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш ги поткопува сите обиди на нејзиниот колега Де Силва кој се обидуваше изминатите шест месеци да придонесе во надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Добра вест е вели Пендаровски што претседателство на Португалија со ЕУ заврши и како што нагласи Словенија е еден од најдобрите адвокати за проширување на ЕУ и одлично го познава Западниот Балкан. Домаќинот Милановиќ истакна дека на никој не може да му се одземе правото да се нарекува со одредено име.
Пендаровски: Добрата вест е што претседателството на Португалија со ЕУ заврши
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.