Вести Македонија Топ вести

Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски си поднесе оставка

Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски си поднесе оставка од функцијата пратеник. Се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје. Богдановски е уеверн дека ќе биде попотребен во градската инспекција отколку во Собранието. За Телма вели дека оставката ја поднел вчера и се уште не разговарал со претседателката на партијата Маја Морачанин, со која и онака немал добра соработка.

Раздорот во ДОМ кулминираше минатиот месец, кога беа разрешени потпретседателите Мирослав Богдановски и Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Двајцата беа дел од иницијативата за вонреден конгрес, но Централниот одбор ја прогласи за нелегитимна и на обајцата им изрази недоверба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе