Македонија Топ вести

Вучиќ, Заев и Рама на видео конференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, денеска на видео конференција ќе разговараат за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.

Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на состанокот да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.

За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Со ова ќе се обезбеди повеќе работна сила во Србија која недостасува, рече Вучиќ.

Иницијативата „Мал Шенген“, која во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Македонија, беше иницирана во Нови Сад во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка.

Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе