Македонија

Несовесната потрошувачка на вода во Тетово се заканува да доведе до недостаток и рестрикции

Зголемена потрошувачка на вода поради натпросечно високите температури за овој период од годината.

Дел од граѓаните на Тетово несовесно ја користат, односно со црева ги мијат улиците или ги пуштаат чешмите за разладување, слика која ја гледаме во градот со години наназад.

Градот во моментов се снабдува со 400 литри вода во секунда доволни за нормалните потреби, но нерационалното користење ќе доведе до недостаток и воведување рестрикции.

Инаку, Тетово со децении се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Само пред неколку месеци, поради сериозен дефект на водоводната мрежа во Лешница, во неколку наврати граѓаните со денови останаа без вода за пиење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе