Жителите на Пештани денеска со блокада на влезот на автокaмпот Градиште уште еднаш го изразија својот револт и побараа да им се вратат национализираните имоти.
Над 100 наследници од 35 семејства кои во Градиште имаат земјиште во вредност од 30 милиони евра со вкупна површина од 150 илјади метри квадратни, се жалат дека 21 година се одолговлекува постапката за денационализација на нивните имоти, кои тврдат дека сега се узурпирани.
Нашето земјиште сега е предмет на криминал, на корупција, експлоатација, на лично богатење и анархија. Кога зборувам за анархија ве замолувам да влезете внатре и да видите како државни службеници, инспектори, судии градат на нашет место, велат жителка.
Протестот го органзиираше Здружението на граѓани Оревче, под мотото “правда за Градиште-вратете ни ги имотите”.
Се пожалија дека МПЦ ги добила назад национализраните имоти, но не и обичните граѓани.
Тие со децении се обидуваат да дојдат до земјиштето на атрактивни локации, а сега се заканија дека ова е последен мирен протест и најавија порадикални мерки.
Емилија Мисирлиевски