Македонија Најважни

Османи: Не презедовме никакви обврски во Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи негираше дека на средбите во Софија биле преземени обврски, како што попладнево објави бугарското Министерство за надворешни работи. Во гостување на Канал 5 телевизија, Османи рече дека било разменети идеи за продолжување на разговорите во рамки на португалскиот предлог.

Овие решенија се разменети како идеи и предлози на состанокот. Идејата и договорот беше на нив да се одговори пред Самитот. Доколку имаме договор, тоа да се преточи во поддршка и тогаш би имале комплетен договор – дефиниран патоказ, прашањата кои ги решава предлогот на поругалското претседателство во однос на јазикот и позицијата на патоказот во европскиот процес и плус зелено светло за почеток на преговорите. Негативното е што овој одговор од Софија доаѓа по Советот, значи ја немаме одлуката, но предноста е што ова е индикација дека начелно се прифаќаат идеите како да се надмине проблемот, појасни Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе