Македонија

ВМРО ДПМНЕ ќе ја блокира еколошката такса

За владата еколошка такса, за опозицијата кризен данок. ВМРО ДПМНЕ е решена да го спречи овој закон.

Смета дека има цел да ги санира лошите политики на Владата а средствата да ги искористи за предизборен поткуп.

Опозициската партија предупредува дека зголемувањето на цените на горивата ќе ги оштети и граѓаните и стопанските субјекти и ќе влијае на животниот стандард.

Партијата предводена од деструктивниот Мицкоски знае само за блокади и деструкции, реагираше СДСМ.Ја смета ВМРО ДПМНЕ за најголем штетник по здравјето на граѓаните бидејќи блокирала антикризни мерки среде корона, нов клинички центар, а сега и мерки за еколошки инвестиции.

“Еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Преку нив се поттикнува користењето поеколошки енергенси… Владата ќе обезбеди цврсти механизми средствата собрани на овој начин да бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и за зелени работни места” – соопштија од СДСМ.

Преку Дополнување на Законот за животна средина, Владата предлага воведување еколошка такса, или зголемување на цената на бензините, дизелот, екстра лесното гориво и мазутот за 3 и пол денари по литар додека цената на безоловниот бензини би се сголемила за 3,1 денар.

Тоа би обезбедило 50 милиони евра на годишно ниво, кои ќе се насочат во еколошки проекти.

Оваа идеја беше презентирана и пред стопанските комори, на денешната седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе