Македонија

Предупредувачки протест во Гевгелија

Утре блокада на влезовите во Гевгелија. Предупредувачки протест на граѓанските организации Change makers (Чејнџмејкерс) и Спас за Гевгелија насочени против измените на законот за увоз на отпад. Советникот во општинскиот совет и граѓански активист, Ристо Камов, вели дека не смее да се дозволи во Гевгелија да се складира и преработува РДФ отпад.

За активистите, не е проблем само отпадот, туку и сомнежите за повторно отворање на рудникот Казандол. Според нив, има иницијативи рудникот во Валандово повторно да работи.

Блокадите ќе траат два часа. Целта им е да им порачаат на институциите но и на компаниите дека нема да се дозволи загадување на Југоистикот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна фасада од зграда во Карпош

Дејан Дејан

(Видео) Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

38 лица затруени со салмонела во фабрика во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе