Ковид19 Најважни

Филипче: Утре стигнуваат 100 000 дози вакцини Фајзер а во недела 500 000 дози Синовак

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација, во кој процес сега приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа училиштата од наесен, за што веќе се финализираат протоколите.

-Засега нашата проценка, сите анализи што ги правиме состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во скор временски период  нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја  следиме состојбата. Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани  во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 97, 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба.  Затоа сегa следи навистина едно забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите пунктови, изјави денеска Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче најави дека на вакцинација во наредниот период ќе бидат повикани организирано наставниците поради тоа што работеа во домашни услови.

-Во однос на вкупниот број на наставници беа вакцинирани сите наставници кои работеа со физичко присуство, односно наставниците од прво до трето одделение. Тоа, посочи, е една третина од вкупниот број на вакцинирани наставници. На другите не дававме приоритет заради тоа што работеа во домашни услови. Сега по истиот систем на повикување, организирано ќе бидат вакцинирани други. Најприоритетна група се за да можат училиштата да почнат да работат, рече Филипче.

Како што најави претходно, в недела треба да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19  „Синовак“ , а утре се очекуваат уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот.  Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

Министерството за здравство вчера информираше дека досега во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Судијата Ристов го користел просторот во куќата во Неготино каде беа пронајдени 350 илјади евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе