Македонија Топ тема

Заев во Топ Тема по последното вето за ЕУ: Што и да е, многу е, 16 и пол години нашата земја е во исчекување

Што и да е многу е, 16 и пол години нашата земја е во исчекување на добивање на следен чекор во нашиот процес на интеграција, изјави премиерот Зоран Заев во вечерашната Топ Тема, откако повторно Македонија остана без датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

“Тоа е најмалку што заслуживме, по се што направи нашиот народ, со сите реформи, со градењето мултиетничко, мултирелигиозно, функционално демократско општество. Ние сме секој пат позитивниот пример. Договорите и со Грција и со Бугарија се навистина европски манири” – изјави Заев.

Во однос на тоа што се преговара со Бугарија, Заев потврди дека не се преговара за јазикот и идентитетот туку за патоказот за спроведување на договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

“Инфраструктурното поврзување, недоволниот раст на трговијата се работи кои Бугарија ги наведува како недостатоци” – подвлече Заев.

Во однос на тоа што се разговарало во Софија на последната рунда разговори со техничката бугарска влада, Заев појасни дека таа посета била со цел да се претстават детали од планот на нашата влада за спроведување на патоказот на Договорот за пријателство и соработка, кој според македонскиот премиер ги адресира сите бугарски забелешки.

“Немаат парламент и немаат политичка влада, тука е причината за нивниот одговор. Што ми дава надеж за да имаме денеска поинаков став, но не до крај, затоа што ги имаме сите причини на светот. Ниедна земја не чекала толку како нашата”  – изјави Заев во вечерашната Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Европската Унија очекува не само да се носат реформи туку и истите да се спроведат

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе