Вести Македонија Најважни

Заев и Рама разочарани од ЕУ што повторно не го исполни ветеното

Не сме среќни и разочарани сме што една ЕУ не успеа да спречи една земја да блокира. Ова е пораката која заеднички ја испратија премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, од Економскиот форум во Скопје, откако вчера Бугарија повторно не дозволи старт на преговори со земјава, со тоа блокирајќи ги преговорите и на Тирана. Заев притоа испрати порака до европските политичари дека алармот е вклучен, а суштината и вредностите на ЕУ се доведени во прашање.

Во контекст на Бугарија тој изрази разочарување што таа не смогнала сили да даде зелено ветло за Македонија и покрај добрата волја и подадена рака од Македонија за решение јасно покажани за време на минатонеделната посета на Софија. Притоа тој одговори на прозивката пак која токму вчера стигна од Бугарија, Македонија да почне да ги исполнува обврски кои ги презела за време на посетата на Заев на Софија.

Тој возврати дека таму  биле договорени обврски за двете страни во делот на патоказот, бил утврден и интензитетот на работата на историската комисија, но и дека краткото име Северна Македонија се однесува на територијата на земјава и нема никакви територијални претензии кон Бугарија. Двете земји потвдиле, рече Заев, и дека не се мешаат во внатрешните и малцинските прашања на другата земја. Се разговарало и за јазиците на двете земји, но не и за македонскиот идентитет.

„Да имаме два слични, но различни и меѓународно признаени јазици. Конечно да ја демантираме и оваа теза која што беше лажно пласирана. Да, двете земји веруваме дека имаме заедничка историја и да дека потврдуваме дека постојат луѓе кои што веруваат дека сме припадници на ист народ, како што постојат и многу други луѓе кои што веруваат дека сме сосема засебни и посебни како народи. Секако, никогаш не го отворивме прашањето на нашиот идентитет на нашиот македонски јазик, затоа што ниту бугарската страна го отвори.

Премиерот на Албанија пак по вчерашното „не“, со констатациија дека ЕУ уште еднаш не го одржала своето ветување. Рама е на став дека проблемот не е во двете земји, а кога Европската унија ќе биде подготвне за нив нека каже. Тој испрати и порака во свој препознатлив стил. Драго ми е што тоа не е на маса и нема да дозволиме никогаш да биде на маса“, рече Заев.

„Што може повеќе да направиме. Ние ја сакаме ЕУ, ги сакаме сите нив. Тие велат дека не сакаат, но не се подготвени за брак. Добро. Ќе уживамe во нашата слобода до бракот“, рече Рама.

Рама за тоа каде гледа решение на прашањето меѓу Македонија и Бугарија само кратко одговори дека кога би знаел би бил маѓионичар.

„Никој не го гледа. Но сигурен сум дека Зоран кој е 10 години помлад од мене има уште 10 години да го реши“, се пошегува Рама.

И Заев и Рама од Скопје со став дека и Македонија и Албанија не се откажуваат од статешката цел членство во ЕУ и оти сѐ уште му даваат шанса на процесот, а за тоа да се исполни македонскиот премиер порача дека повторно, и повторно,  ќе оди во Софија и ќе бара решение.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе