„Нема услови“ или нема свидетелства. Учениците остнаа без свидетелства во јуни а надлежните без одговор кој е одговорен за пропустот и дали и како ќе биде санкциониран. Единствено полуматурантите ги добија свидетелствата неопходни за упис во средните училишта. За нив имаше услови, но и протоколи, бидејќи свидетелствата се делеа по азбучен ред, во групи од пет учиници и со паузи.
Од Бирото за развој на образованието, надлежно за набавка на свидетелства, испратија допис до директорите во кој укажаа дека „вакви услови“ не може да се делат свидетелства повикувајќи се на член 138, став 5 од Законот за образование каде не е наведено буквално ништо поврзано со овој проблем.
Директорот на Бирото, Зекирија Хасипи, најави дека во текот на денот ќе достави одговори точно кои услови се потребни за да се делат свидетелства.
Консултации со министерството за здравство околу процесот на доделување на свидетелства немало а министерот Филипче потврди дека може да се делат на отворено, во училишните дворови.
Министерството за образование незаинтересирано за слчајот и пропустот и топката со денови наназад ја префрла кај Бирото прогласувајќи се за ненадлежно.
Надлежна институција за набавка на свидетелства за учениците од основното и средното образование е Бирото за развој на образованието.Согласно Закон за организација и работа на органите на државната управа, Бирото за развој на образованието има својство на посебно правно лице, кадешто директорот го именува Владата. Во врска со вашите прашања ве преупатуваме на одговор во Бирото, велат од МОН.
Но на сајтот на министерството јасно стои и е наведено дека Бирото за развој на образованието е орган на МОН. Истото стои и во Законот за Биро за развој на образованието каде во член 2 е наедено дека е правно лице во состав на МОН.
Од Владата која вчера дозволи автобусите да превезуваат патници во полн капацитет, не добивме одговор какви услови се потребни за да се доделат свидетелства, дали воопшто има свидетелства и дали ќе бараат одговорност.
За да може да се изведува настава во наредната учебна година, Филипче најави имунизација на комплетниот наставнички кадар.
Протоколите за стартот на школската година се речиси готови и предвидуваат сите ученици да присуствуваат на настава со физичка одделеност и немешање како и мерки за дезинфецкија и проветрување.
Огнен Чанчаревиќ