Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Внатрепартиска проверка на кандидатите за градоначалници

/

Македонија

Сподели преку :

Четири месеци пред локалните избори и два-три месеци пред официјалното кандидирање, речиси сигурни се кандидатурите на Петре Шилегов и Стефан Богоев од СДСМ, Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ, Арбен Таравари и Албон Џемаили од Алијанса-Алтернатива, Рамиз Мерко и Еркан Арифи од ДУИ.  Официјално, партиите посочуваат дека е рано за објавување имиња.

СДСМ посочува дека во тек е предлагањето на сите можни кандидати во месните одбори, од кои потоа ќе се бираат најдобрите решенија.

Партијата е уверена дека е фаворит и на овие локални избори.

И во ВМРО ДПМНЕ тече постапката на анализирање на ветеното и стореното. Пред да се излезе со кандидатури, ќе се направат проверки и пред граѓаните и пред партиските органи.

За ВМРО ДПМНЕ, Петре Шилегов е најлошото нешто што му се случило на Скопје по катастрофаниот земјотрес, бидејќи ветувал како фараон, а ништо не исполнил. За Шилегов, сосема е сеедно дали опозицијата повторно ќе му го спротивстави Коце Трајановски или ќе се определи за нов кандидат.

Владеачката ДУИ веќе се ребрендираше во зелена партија и почна јавно да им дава поддршка на некои актуелни градоначалници.

Лидерот Али Ахмети го посети Липково, а вицепремиерот Артан Груби – Струга, каде заедно со Мерко гледаа како се уриваат дивоградби.

Алијанса-Алтернатива е уверена дека резултатите на актуелните градоначалници во Гостивар и во Боговиње се доволно значајни за да добијат уште еден мандат.

За кандидатите во другите општини, анализира.

Предизборните коалиции нема да бидат изненадување, особено меѓу владеачките СДСМ и ДУИ. Изненадување за четирите големи партии може да донесе Левица или заедничкиот настап на ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз.

Соња Николовска

https://youtu.be/94sJOF9LJzI

Jumbo 2