Најважни Спорт Фудбал

Денешниот меч со Холандија, последен за Горан Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денеска останува без својот капитен откако Горан Пандев објави дека денешниот меч со Холандија на Европското првенство ќе му биде последен во националниот дрес.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ги изненади навивачите – денешниот натпревар со Холандија ќе биде негово збогување со националниот дрес. Нашиот најдобар фудбалер на сите времиња  првично сакаше да го одигра последниот натпревар во репрезентацијата во Скопје против Германија во мундијалските квалификации, но вели дека сега е вистинскиот момент за ваков чекор.

Денешниот  меч е негов 122-ри и финален во дресот на македонската репрезентација и тој останува наш фудбалер со најмногу настапи и голови. Пандев вели дека ја остава репрезентацијата во сигурни раце.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Коцевски: Обвинение за полициските службеници во случајот „Пулс“ до септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе