На маса се повеќе идеи за надминување на спорот со Бугарија, а кои би вклучувале јасни гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет дека нема да им нови билатерални барања за земјава поврзани со историјата, јазикот, идентитетот и македонската култура, како и имплементација од страна на Бугарија на пресудите од Судот за човекови права. За овие идеите веќе се разговарало со европските пратеници, а како што најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, надминувањето на спорот со Бугарија ќе биде тема на разговор и за време на утрешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Македонија. Муцунски изјави дека тој лично ја информирал новата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова, за тие идеи.
- „Јас на министерката и ги кажав нашите позиции, прилично јасно. Морам да ви кажам дека по првата средба со мојата колешка, не би рекол дека сум преголем оптимист. Не чувствувам некој позитивна атмосфера да доаѓа од Софија, но тоа е можеби бидејќи се работи за почеток на мандат на влада. Наше е да градиме доверба“, изјави Муцунски.
Шефот на дипломатијата за предлогот на германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за придвижување на процесот на проширување кој ќе се разгледува на предстојниот самит ЕУ – Западен Балкан во Црна Гора, при што за земјите од Западен Балкан се предлага фазно пристапување и статус на набљудува во европските институции, Муцунски вели дека за земјава е прифатливо се што за крајна цел има полноправното членство.
- „Европската унија треба да одлучи како ќе ја гради политиката за проширување. Ние треба да се подготвуваме за сите сценарија, но нашиот став е јасен, недвосмислен, дека процесот треба да заврши со полноправно членство. А сите модели кои што можат да се појават по тој пат, секако, ќе се обидеме максимално да ги искористиме во интерес на нашат држава и нашите граѓани“, изјави Муцунски.
Муцуски не одговори конкретно дали на претстојниот самит на Европската унија со Западниот Балкан во Црна Гора, земјава ќе го бара статусот кој и се предлага на Украина во предлогот на Мерц – асоцијативно членство, односно вклученост во сите европски институции, но без право на глас или земјава е прифатлив статус на набљудувач и фазно пристапување.
Тамара Грнчароска
Б.С.
