Настапите на Бранко Азески, доскорешниот почесен конзул на Црна Гора во Македонија можат сериозно да го нарушат угледот на државата и нема основа за продолжување на неговата функција, ова е објазложените на министертството за надворешни работи на Црна Гора врз основа на кое тој е отповикан.
Според одлуката потпишана од црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески, при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж по угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела.
Азески во писменото образложение кое го испрати до медиумите им изразува благодарност на сите оние со кои соработувал на оваа важна мисија за бизнисите на двете држави. „На Црна Гора и посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит“, пишува Азески. Тој потсетува и на историјатот на државата.
„Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави“, пишува Азески.
Бранко Азески, беше почесен конзул на Црна Гора пет години, како што објавува весникот „Дан“, безбедносните органи особено ги потенцирале разговорите на Азески со угледни деловни луѓе од различни сфери, во текот на кои се обидувал да ги омаловажи и компромитира највисоките органи на власта во Црна Гора изнесувајќи лични забелешки и предвидувања во поглед на работата на Влата на Црна Гора.
Црногорските медиуми потсетуваат и на интересниот факт дека пред три месеци потпретседателот на Владата Дритан Абазовиќ, при посетата на Македонија изјавил дека Азески достојно ја претставува Црна Гора во С.Македонија и дека придонесува во зајакнување на угледот на државата.
Билјана Ставрова