Се обновуваат фреските во манастирот Света Богородица Елеуса во Велјуса. Во средновековниот манастир во моментов работат конзерватори и реставратори коишто ги ретушираат фрески од 11 век. Целиот процес е бавен, но Кекеновски вели дека е вистински предизсвик да се работи на ваков проект.
Завршена е една фреска на Богородица. А освен од 11 век, ќе се работи и на дел од фреските од 19 век.
Проектот за Конзервација и ревитализација на манастирот Света Богородица предвидува конзервација на фрескоживописот и мозаиците. Средствата во висина од 100 илјади долари се обезбедени од Стејт Департментот на САД.
Сузана Мицева