Во соба од речиси 20-тина метри квадратни живее семејството Фетаи од Тетово. Ружди со неговата ќерка, синот и снаата. Не само што просторот е мал, туку и условите се никакви. На ѕидовите има мувла и влага, поради што се чуствува и непријатна миризба, бетонскиот под е покриен со штици, а кровот при секој дожд прокиснува.
Семејството живее со средства од социјална помош, а дополнителна мала заработка имаат од продажба на железо. Велат храна имаат, а единствената желба им е пристојна куќа за живеење.
Членовите на семејството Фетаи во оваа трошна куќа во тетовско Горно маало живеат 33 години.
Данијела Билбилоска