Вести Македонија Топ вести

Македонските органски производи наоѓаат повеќе купувачи во странство отколку во земјата

Раскош од бои и вкусови. Сабота ден за пазар, на едно место малите производители на органска храна, различни генерации потрошувачи и дилемата  умееме ли барем во некои нешта да фатиме чекор со светот. Расте ли свеста кај граѓаните за здрава храна наспроти брзата и кои се најчестите стереотипи со кои уште се бориме.

Можеби се уште важи тој стереотип дека е многу скапо меѓутоа само за паралела за да се произведе конвенционална храна може да употребите било каков хемиски препарат кој што ќе ја замени работната рака која е во органското производство. Значи за да се уништи плевел во насад во конвенционално производство се употребува екстремно отровен хербицид, но да се искорени тревата во органско производство треба рачно и сето тоа чини и затоа органската храна е поскапа, но ако знаете дека е поздрава за човекот ќе заштедите на друго, изјави Томислав Трајков, „Добра земја“

Страшко Милошевски со години наназад ги посетува најголемите саеми на органска храна. Голем е интересот за македонските производи во странство,сепак кај нас се уште се гледа со недоверба кон малите производители.

Луѓево си велат, па ова може и јас да го направам, затоа што ние како народ сме такви зошто би купувал нешто кога можам сам да си го направам. Луѓето ќе дојдат, ќе видат, ќе ве испрашаат како се прави, зошто се прави и потоа благодарам пријатно јас ќе си направам дома, изјави Страшко Милошевски, претседател на Slow Food Osogovo

Ваквата состојба се должи и на фактот дека потрошувачите кај нас имаат поголема доверба кон странските брендови, велат малите производители на органска храна. Тартуфи, млечни и сувомеснати производи кои добиваат награди надвор од Македонија тешко може да ги сретнете во големите маркети, па затоа најчесто се нарачуваат онлајн.

Мораме да имаме и просветителска улога. Треба да ги едуцираме граѓаните да го јадат она што го јаделе нашите баби и дедовци, квалитетно, локално, домашно. Најчесто се работи за семејни бизниси, каде што семејството од основната суровина прави готов производ, изјави Владимир Куновски, Бакалница. мк

И дека некои нешта се учат уште во најрана возраст доказ се и најмладите кои имаа можност на пазарот на органски производи за прв пат да вкусат непрскано јаболко, цреши и различни производи љубопитно прашувајќи зошто некои зеленчуци и овошки изгледаат поинаку од тоа на кои се навикнати.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе