Вести Македонија Најважни

Уште еден случај на индиски сој коронавирус во земјава, Филипче вели не е ризично

Индискиот сој на вурусот е потврден  кај уште еден пациент во Македонија, кој се лекувал во приватна боница, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче.  Станува збор за  колега  на првоткриениот случај  со овој мутиран сој кај нас, кој беше регистриран на 7 јуни.  И двајцат биле на работа во Ирак, со истиот   лет се вратиле во земјава, но кај вториот пацинет, симптомите се појавиле подоцна. Министерот Филипче тврди дека состојбата  е под контрола и овој пациент не е ризик.

Има уште еден ист таков пациент кој што се лекуваше во една од приватните болници, засега и епидемиолошките мерки кој што се направени покажаа дека нема некаков  ризик, а некакви доплнителни мерки  нема потреба да се прават, рече министерот за здравство  Венко Филипче.

Индискиот сој е позразна варјанат, а СЗО соопшти дека  станува доминантен во светот. Министерот препорачува вакцинација иако  процесот кај нас поради недостиг на вакцини е забавен.

Стравување од Индискиот сој или таква евентуално нова форма на муатација која може да биде позаразна од сегашните актуелни,   постои насекаде, но она што е многу битно е дека буквално сите вакцини штитат  од тешка форма на болеста и од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот, вели Филипче.

Министерот Филипче вели дека веќе кон крајот на месецот во Македонија ќе пристигнат поголеми количини на вакцини. На 28 јуни се очекуваат 100 илјади  фајзерови преку КОВАКС механизамот, а на 27 и 30 јуни, треба да пристигнат  500 илјади вакцини на Синовак, со што ќе се интензивира процесот на вакцинација

Останува уште една недела до пристигнувањето на значајно  големи количини на вакцини, а нашите проценки се дека до крајот на летните месеци ќе заврши вакцинацијата на оној процент на граѓани кој е потребен за да се постигне колективен имунитет за да спремни ја дочекаме есента, вели Филипче.

Оние граѓани кои се во повозрасната категорија и биле пријавени, а не биле вакцинирани, Филипче ги повика да аплицираат повтроно преку матичните лекари во системот мој термин, за да се коригираат овие пропсусти.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе