На “Холидеј ин” ќе се градат висококатници. Излезе на виделина дозволата за градба а веста ја соопшти Министерот за транспорт Благој Бочварски потврдувајќи дека општината Центар го има одговорот.
И компанијата МГ Фешн потврди дека имаат градежна дозвола за првата зграда.Ова беше еден од 11-те елаборати за суспензија кои ги поднесе општина Центар за спорните дупови а за кои министерството за транспорт даде мислење дека дека не се во согласност со членот 23 од законот за урбанистичко планирање.
Стручната комисија при министерството утврди дека општината направила грешка и наместо за поединечни делови тие побарале суспензија на целиот детален урбанистички план.
Во елаборатот за Холидеј Ин не е наведено дека во тој дел ќе се гради зграда ниту пак штетата која евентуално би произлегла од тоа.
Градоначалниот на Центар Саша Богдановиќ призна дека знаел за градежната дозвола.
Министерството за транспорт и препорачува на општина Центар да го преиспита Дупот кај министертсвото за одбрана и местото каде се наоѓаат поранешните бараки на јавното претпријатие за станбен и деловен простор како и парцелите спроти МНР кај црквата затоа што се работи за парцели кои се од јавен интерес и таму не смее да се гради.
Јулијана Пешевска