Македонија

Западниот Балкан ќе биде важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ

Во очекување на исходот од разговорите Софија – Скопје, европските политичари одбегнуваат директен одговор што доколку до вторник не се постигне договор за кревање на бугарската блокада за почеток на преговори. Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар вели дека Словенија, како иден претседавач со Унијата, ќе ги продолжи заложбите на португалското претседателство. Тој денеска во Братислава на ГЛОБСЕК форумот се сретна со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што информираат од МНР, на средбата се зборувало и за развојот и потенцијалите на билатералните односи, но доминираа темите поврзани со европската агенда на Северна Македонија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција во рамките на протугалското претседателство со Советот на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе