Македонија Топ вести

Мајка на три деца избркана од куќата која за нив беше изградена од донации

Хумани граѓани пред четири месеци ја спасија штипјанката Елена Манева и нејзините три деца од живот во супстандардсни услови. Но, од куќата која беше градена со донации пред два дена е избрката од роднини на нејзиниот сопруг, кој отслужува затворска казна.

Привремено е сместена кај нејзината мајка, а од куќата, како што вели, не може да ја земe ниту облеката на децата.

Пред да се почне со реновирање на посебниот дел од куќата било побарано и согласност од свекорот на Елена. Ѓеорѓијевски е разочаран и бара да се вклучат институциите. Забележува дека куќата е реновирана во текот на зимaтa, во најголемиот студ, а хумани граѓаните донирале за трите дечиња, а не за некој друг.

Во куќата денеска нема никој, заклучена е, а од Центарот за социјални работи велат дека Елена сѐ уште ги нема известено за случајот. Но, оттаму велат дека веднаш по новинарските јавувања ќе го посетат семејството и ќе реагираат согласно нивните надлежности.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе