Останато Спорт

Бањаја ја освои пол-позицијата на „Ле Ман“

Франческо Бањаја стигна до својата прва пол-позиција во 2026 година во Мото ГП шампионатот, откако беше најбрз во квалификациите за трката за Големата награда на Франција.

Бањаја до првата пол-позиција, уште од „Сепанг“ минатата година, стигна со време од 1:29.634. Неговиот тимски колега од фабричкиот тим на Дукати, Марк Маркез, беше втор, иако во првата квалификациска сесија постави нов рекорд на патеката „Ле Ман“. Трето најдобро време имаше лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, на Априлија.

Фабио ди Џанантонио беше четврти, а потоа следуваа Педро Акоста, Фабио Квартараро, Жоан Мир, Хорхе Мартин и Аи Огура, додека најдобрите десетмина во квалификациите ги заокружи Алекс Маркез.

Во 15 часот е закажана спринт-трката, а утре од 14 часот стартува главната трка за Големата награда на Франција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе