Ковид19 Македонија Топ вести

За неколку часа дадени над 400 картички за патарина на српски државјани

Српските државјани кои одат на летување во Грција од денеска ќе може бесплатно да транизираат низ дражавата. „М смарт“ картичките ги чекаа во кабината на пасошката контрола на македонското МВР а ги добиваа од службениците по проверката на документите и потврдата дека патуваат за Грција. За едно возило една картичка.

Задоволни се од гестот на македонските власти.

На „М-смарт“ картичката има кредит од 760 денари, колку што е потребно за поминување на Коридор 10 во двата патни правци.

Српските државјани ќе можат да ги користат овие картички до 15 август со опција да ги задржат и понатаму да ги користат со надополнување кредит од најмалку 300 денари.

Досега се изработени околу 65 илјади картички кои се доставени на МВР  а за вкупната бројка на картички кои ќе се изработуваат сукцесивно и ќе се доставуваат на преминот „Табановце“ е 200 илјади за кои Владата издвои 172 милиони денари.

Српските државјани пак кои ќе одлучат да летуваат во Охрид ќе мора да платат патарини но охридските хотелиери најавија дека за нив ќе има попуст при сместувањето а се разгледува и локалните власти ја разгледуваат опцијата да им одобрат бесплатен паркинг

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе